Кога ќе се исклучи аналогниот сигнал? Со одлука на Владата на Република Македонија како краен рок за исклучување на аналогниот телевизиски сигнал е определен 31 мај 2013 година. Тоа значи дека само дигитален сигнал ќе почне да се емитува веќе наредниот ден, односно од 1 јуни 2013 година.
Како ќе може да се гледа дигитална телевизиjа од 1 jуни? Оние граѓани кои гледаат телевизија преку кабелските оператори, Boom TV, MaX TV нема да бидат засегнати со исклучувањето на аналогниот телевизиски сигнал и тие домашните телевизиски канали ќе можат да ги гледаат како и досега.
Останатите граѓани коишто домашните телевизиски канали ги примаат со обична антена, на постар модел на телевизор и не се претплатени на услугите на некој кабелски оператор или оператори како Boom TV, MaX TV, ќе треба да купат или посебен уред наречен сет топ бокс или телевизор којшто има вграден дигитален приемник – DVB-T стандард. Во двата случаи антена ќе биде потребна. Затоа не ја фрлајте старата антена!
Предности за гледачите?Дигитализацијата има огромни предности. Квалитетот на прием значително се подобрува, а се подобрува и квалитетот на самите програмски содржини, овозможувајќи повеќе звучни канали, можност за превод/титлување на повеќе јазици, електронски програмски водич итн.
Која е улогата на ОНЕ во проектот дигитализација во Македонија?Од вкупно 8 мултиплекси во фреквенцискиот опсег, предвидено е доделување на 2 мултиплекси за емитување на каналите на јавниот радио-дифузен сервис кој ги опфаќа програмите на Македонската радио-телевизија, а за кои е одговорно ЈП `Македонска радиодифузија` и 2 мултиплекси за емитување на другите приватни програмски сервиси кои имаат дозвола за емитување на национално и регионално ниво, за кои обврската на јавен тендер ја доби телекомуникацискиот оператор ОНЕ. Од останатите 4 мултиплекси, 3 се доделени на Боом ТВ за реемитување на ТВ програми и еден е слободен за идни потреби.
Распределба на мултиплексите во Македониjа
Согласно тендерските правила, ОНЕ треба да склучи договор за емитување со лиценцираните телевизии (радио-дифузни друштва кои имаат дозвола за емитување) врз основа на транспарентни и рамноправни услови. За таа цел, предвидено е објавување на стандарден договор за емитување кој го пропишува Агенцијата за електронски комуникации.
ОНЕ има обврска да и обезбеди висок процент на покриеност на домаќинствата на денот предвиден за digital switch-over, односно 80% од домаќинствата. Согласно динамиката на имплементација, процентот ќе биде реализиран, можеби и надминат.
Дали ќе има прекини на програмата пред, за време и по дигитализацијата, односно по 01/06/20?Доколку се спроведат планираните активности за усвојување на Законот за медиуми и доделување на дозволите за емитување на радио-дифузните друштва, ОНЕ ќе почне со емитување на програмските сервиси со кои склучил договор и кои обезбедиле неопходна опрема и средства за поврзување. Во контекст на донесувањето на Законот за медиуми потребно е време за воспоставување на договор и обезбедување на неопходна опрема за енкодирање на ТВ програмските сервиси.
Постојат извесни резерви околу условите за емитување во пограничните региони поради тоа што се можни евентуални влијанија од ТВ програмите кои се емитуваат во соседните држави. Агенцијата за електронски комуникации интензивно работи на усогласување со администрациите на соседните држави за да се овозможи непречено спроведување на дигитализацијата.
Кои телевизиски програми ќе се емитуваат на овоj начин?Програмите на jавниот радиодифузен сервис како и сите национални телевизии со дозвола за терестриjално емитување, сите регионални телевизии и сите локални телевизии кои ќе станат регионални.
- МРТ 1
- МРТ 2
- МРТ Собраниски
- МРТ 1 HD
- Сител
- Канал 5
- Алсат М
- Телма
Канали кои во моментот веќе се емитуваат преку DVB-T мрежата во поголемите градови во Македониjа (Скопjе, Крива Паланка, Велес, Куманово, Охрид и Преспа):- МРТ 1
- МРТ 2
- МРТ Собраниски Канал
- МРТ 1 HD
- Канал 5
- Телма
- Alsat M
Дали дополнително ќе се плаќа за гледање на дигиталните канали? Гледањето на споменатите домашни телевизии е бесплатно, без дополнителна месечна претплата. Граѓаните ќе имаат еднократен трошок само за купување на сет топ бокс или доколку се одлучат да купат нов телевизор, трошок за ТВ приемникот.
Сепак, треба да се има предвид дека операторот (Оне) којшто ќе ги пренесува домашните ТВ станици дигитално, може да понуди дополнителни услуги, на пример можност за гледање на странски канали, за што ќе се плаќа надоместок. Она што треба да се знае е дека тоа е избор на самиот граѓанин – ако сака да гледа плус (странски) канали ќе треба да доплати. Во спротивно, доколку сака да ги гледа програмите само на домашните станици нема дополнителен трошок туку останува само еднократниот трошокот за сет топ боксот.
Постоечката јавна давачка, надоместок за радиодифузна такса е независна од процесот на дигитализација и таа и натаму си останува како засебна давачка.