
Откако во текот на вчерашниот ден излегоа информации дека Турчинот Сердар Синлак, кој во Македонија стана познат како новото момче на манекенката Натали Грубовиќ, ја купува телевизијата, довчерашниот сопственик Емил Стојменов ги демантираше тие шпекулации.
Според многумина, Гавриловски веќе има значаен удел во телевизијата и се споменува како близок на семејството Стојменови. Околу продажбата на Канал 5 се зборуваше веќе неколку дена, а причина за тоа е рокот кој СРД (Совет за радиодифуција) им го постави на сопствениците на Сител, Канал 5 и Канал 77. Според Законот за радиодифузија, телевизијата го кршеше членот 11, каде јасно стои дека носители на јавни функции и членови на нивни семејства не можат да вршат радиодифузна дејност.
Претходно Љубисав Иванов-Ѕинго се откажа од пратеничката фотелја и неговиот син остана сопственик на Сител телевизија.
(преземено од primetime.mk)